„Субверзија во црвено“ ќе ја претставува Македонија на ликовната изложба во Венеција

MOF, 29/01/2019 (MK)

MOF, 29:01:2019 (MK) DOWNLOAD

Link to the MOF Website

Screen Shot 2019-07-31 at 14.41.49.png

Национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција ќе биде проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донела комисија во состав: професор Мирко Вујисиќ, професор Тони Васиќ и Имер Бајрами.

До Министерството пристигнале уште 3 пријави на НУ Национална галерија на Македонија за проектот „Мирисот на лебот“ од авторот Нехат Беќири, на Музејот на град Скопје за проектот „А-Reaction“ од авторката Марија Павловска и самостојниот проект „Че биде“ од авторот Игор Јосифов.

Од Министерството информираат дека при увидот во пријавите, Комисијата утврдила дека проектот на НУ Национална галерија на Македонија не ги исполнува условите пропишани во конкурсот и токму затоа проектот на Нехат Беќири не бил земен предвид во натамошниот процес на разгледување и одлучување.

За преостанатите три проекти, Комисијата констатирала дека се одликуваат со високи уметнички карактеристики, дека се професионално конципирани и ги одразуваат квалитативните параметри нотирани во конкурсот. Сепак, со особено внимание комисијата го издвоила проектот на авторката Нада Прља, кој, според тематската одреденица и методологијата во уметничкиот пристап низ неконвенционалните методи, е актуелен и интернационално референтен проект во културениот контекст и во однос на темата на биеналето.

„Комисијата, исто така, ги зеде предвид и квалитетите и искуството на авторката со учество и изведба на дела со сличен контекст, кои се многубројни и имаат освоено награди и признанија на меѓународната сцена. Истовремено, комисијата изрази уверување дека и соработниците што се вклучени во реализацијата на проектот, во однос на уметничката критика и стручност, имаат големо интернационално искуство, особено во претходните учества на оваа манифестација“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Венециското биенале годинава ќе се одржува од 9 мај до 24 ноември. Куратор на годинашното издание на биеналето е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња“. За претставувањето на проектот на Музејот на современата уметност, Министерството за култура издвои 4 милиони денари.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s