Vecer _ Media Announcement 

Screen Shot 2019-08-04 at 09.25.23.png

Со проект на Нада Прља се претставуваме на Биеналето во Венеција: „Црвена дискусија“ го отвора македонскиот павилјон

„Проектот на Прља поттикнува враќање кон ‘заборавените’ идеи за идеализмот и идеологијата, како вид на мотивација за современото општество. Таа предлага повторното читање и де/реконструкција на постулатите на марксистичката теорија и левичарската мисла, со цел да се пронајде нивната компатибилност со денешното општество, преку воведување на суштински субверзивни квалитети и игривост од уметничката практика како начин  индиректно да се влијае врз реалноста“, посочуваат од Музејот на современата уметност

Со перформативното уметничко дело „Црвена дискусија“ утре (8 мај) во Palazzo Rota Ivanchich во Венеција ќе биде отворен македонскиот павилјон на 58. Меѓународна уметничка изложба на Биеналето во Венеција. Нашата земја ќе биде претставена со „Субверзија во црвено“, самостојна изложба на уметницата Нада Прља во организација на Музејот на современата уметност – Скопје.

„Како одговор на ‘Да живеете во интересно време’, избрана од кураторот Ралф Ругоф како тема на „Биенале Арте 2019“, проектот на Нада Прља ‘Субверзија во црвено’ има за цел игриво да ја стимулира потрагата по алтернативни форми на уметнички и социополитички формации, преку повторно прегледување на специфични концепти и општествени модели од минатото, преку интердисциплинарна изложба во која инсталации и перформативни практики постојат заедно, давајќи визуелна форма на теорискиот пристап и современоста на македонскиот уметник. Како реакција на загриженоста на Ругоф за актуелните состојби, проектот на Прља поттикнува враќање кон ‘заборавените’ идеи за идеализмот и идеологијата, како вид на мотивација за современото општество. Таа предлага повторното читање и де/реконструкција на постулатите на марксистичката теорија и левичарската мисла, со цел да се пронајде нивната компатибилност со денешното општество, преку воведување на суштински субверзивни квалитети и игривост од уметничката практика како начин  индиректно да се влијае врз реалноста“, посочуваат од Музејот на современата уметност. Комесар на македонскиот павилјон на Беналето во Венеција е Мира Гаќина, директор на МСУ – Скопје. Куратор е Јованка Попова, куратор соработник е Тевж Логар од Словенија и Артан Садику, соработник теоретичар.

Screen Shot 2019-08-04 at 09.03.30.png
Click here to go to original website _ Click here to download a PDF

Од МСУ велат дека изложбата, сместена во историско и културно значајната архитектура на Palazzo Rota Ivancich, која одразува ера која пропаѓа, предизвикува многу нови значења. „Проектот користи различни уметнички и неуметнички методологии, вклучувајќи ја Црвената дискусија II, експериментален настан во живо со неколку современи мислители и куратори ангажирани во трансформативни практики, меѓу кои Чарлс Еше, Маурицио Лазарато, Влад Морариу (модератор), Шантал Муфе, Лаура Раикович, Артан Садику, кои заеднички ќе се обидат да најдат излезни стратегии од сегашните услови на социјална несигурност и експлоатација, преку дефинирање на алтернативни услови за ‘интересното време’ во кое живееме“, додаваат од таму.

Учесници во изведбената дискусија се Чарлс Еш, директор на музејот Van Abbe во Ајндховен, Маурицио Лазарзато, социолог, филозоф, независен истражувач, Шантал Муфe, политички теоретичар, професор на Универзитетот Westminster, Влад Морариу, куратор, предавач на Универзитетот Middlesex, Лаура Раиковиќ, писател и уметник, Артан Садику, истражувач и теоретичар.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s