NOVA TV _ Announcement

Screen Shot 2019-08-07 at 15.42.361Screen Shot 2019-08-07 at 15.42.36.png
Click to go to the website Read the news in PDF format

Вечерва се отвора македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале

Во Венеција вечерва официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено“ на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември.

Проектот на МСУ и Прља беше избран за национален претставник на Венециското биенале од комисија на Министерството за култура, која го издвои од другите три пријавени на конкурсот поради „тематската одреденица и методологијата во уметничкиот пристап низ неконвенционалните методи“. Според комисијата,  „Субверзија во црвено“  е актуелен и интернационално референтен проект во културниот контекст и во однос на темата на Биеналето.

Комисијата ги имала предвид и квалитетите и искуството на авторката со учество и изведба на дела со сличен контекст, кои се многубројни и имаат освоено награди и признанија на меѓународната сцена.  Министерството за култура издвои 4.000.000 денари за претставувањето на проектот на МСУ на Биеналето во Венеција.

Генерална тема на 58. Интернационална ликовна изложба – Венециско биенале е: „Може да живееш во интересни времиња“, која ја утврди кураторот Ралф Ругоф.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s