NOVA TV _ review

Screen Shot 2019-08-08 at 11.58.16.png
Link to original website / Link to PDF of the review

Со перформансот „Црвена дискусија“, отворен македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција

 

Во рамките на 58. Биеналето во Венеција, беше отворен и павилјонот на Северна Македонија со проектот Субверзија во црвено на уметницата Нада Прља во Палацо Рота Иванчиќ со перформативното уметничко дело „Црвена дискусија“.

Учеството на Република Северна Македонија на годинашното Биенале го прогласија за отворено Мира Гаќина директор на Музејот на современата уметност (МСУ), кој оваа година е носител на нашиот настап, Јованка Попова куратор на изложбата, со пригодни поздравни говори на Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија и Роберт Алаѓозоски, национален координатор за култура.

Како одговор на темата „Да живеете во интересно време“, избрана од кураторот на годинашното Биенале Ралф Ругоф, проектот на Нада Прља „Субверзија во црвено“ поттикнува враќање кон „заборавените“ идеи за идеализмот и идеологијата, како вид на мотивација за современото општество.

Проектот користи различни уметнички и не-уметнички методологии, вклучувајќи ја Црвената дискусија II, експериментален настан во живо со неколку современи мислители и куратори ангажирани во трансформативни практики, меѓу кои Чарлс Еше, Маурицио Лазарато, Влад Морариу (модератор), Шантал Муф, Лаура Раикович, Артан Садику, кои заеднички ќе се обидат да најдат излезни стратегии од сегашните услови на социјална несигурност и експлоатација, преку дефинирање на алтернативни услови за „интересното време“ во кое живееме.

Изложбата ја вклучува и инсталацијата „Суптилна субверзија“, инсталација која редефинира серија на историско значајни уметнички дела од 1960-тите од колекцијата на МСУ Скопје, колекција заснована на концептот на Солидарност, како еден од клучните постулати на левичарската мисла и клучна аспирација на овој проект.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s