TELMA TV _ Review

Screen Shot 2019-08-08 at 20.37.15.png
Link to original website / Link to PDF full text

Проектот на Нада Прља на Венециското биенале оценет како интелектуална храна за посетителите

Проектот „ Субверзија во црвено“, со кој визуелната уметница Нада Прља ја претставува нашата земја на 58 Венециско ликовно биенале и дебатата „ Црвена дискусија“, што се одржа во рамките на отворањето на нашиот павиљон , на 08 мај во Палата Рота Иванчич, светската ликовна критика ги оценува како интелектуална храна за посетителите. Во списанието „ Нордиска уметност“, во текстот „ Проблемот на организацијата“, кој се осврнува на годинашната понуда на Венециското биенале, уметничката критичарка од Стокхолм, Ким Вест, пишува дека настапот на Прља би можел да ги нахрани интелектуално гладните посетители на биеналето, курирано од американецот Ралф Ругоф.

  • Во импресивниот павиљон на Република Северна Македонија, Нада Прља директно се занимава со прашањето на современите предизвици и можности на критичката традиција, низ изложбата „ Субверзија во црвено“, која се обидува да ја обнови политичката историја на ѕидното сликарство, од доцната социјалистичка ера во Скопје. Низ просториите на палатата Рота Иванчич во Венеција, Прља, меѓу другото поставува слики, преку кои се пресоздадени и реставрирани детали од муралите на Борко Лазески, од 1981 година, од тогашната главна Пошта во Скопје. Во врска со отворањето на павиљонот, беше снимена дискусијата за уметноста и политиката, насловена „ Црвена дискусија“, на која учествуваа Шантал Моуф, Чарлс Еш и Маурицио Лазарато, што можеби би можело да ги нахрани интелектуално гладните посетители на биеналето, курирано од Ралф Ругоф, вели во тектот Ким Вест.

Проектот на Нада Прља „ Субверзија во црвено“, е распореден во 6 простории во палатата од 17 век, Рота Иванчич. Вклучува слики, скулптури, видео и објекти, меѓу кои и црвена маса на која се одржа „ Црвената дискусија“. Претставувањето на Северна Македонија на ликовното биенале во Венеција, годинава го организира Музејот на современа уметност. Комесар е Мира Гаќина, куратор е Јованка Попова, куратор- соработник е Тевж Логар од Словенија, а соработник, теоретичарот Артан Садику.

Сотир Трајков

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s