NOVA MAKEDONIJA_Review

 

Screen Shot 2020-06-20 at 01.14.44

Итност за утопија

Link to original review

PDF of the review Нова Македонија

Концептот „Сè што ни е заедничко“, презентиран во МСУ, овозможи присуство на исклучително значајни уметнички имиња со проблемско разгледување на глобалните состојби генерирани од капитализмот како симптом на заедничката сегашност, третирајќи го својството на несигурност како колективна сопственост и како потенцијал за нови уметнички постапки, но и како наратив што се однесува собирно во однос на селектирана уметничка продукција. Градењето на нова фантазија, фикција, па дури и утописко размислување е повеќе од очекувано во моменти кога прашањето околу прекаријатноста се акумулира и се актуализира во контекст како што е музејската институција.

Наративот „сè што ни е заедничко“ дејствува како апорија, која неминовно буди метафизички илузии поставувајќи го прашањето за уметноста генерално: дали таа треба да е додаток на политиката, во смисла дека политиката може да има корист од инкорпорирање елементи специфични за уметноста, или треба да ја политизираме уметноста. Несомнено е дека несигурноста како продуктивен принцип се потпира на интелектуалниот капацитет на уметничкиот субјект, кој ги промислува сопствените постапки во рамката на политичкото или аполитичкото дејствување и како таква поседува суштествена неодреденост карактеристична за патувањето на уметноста, кое ја интегрира или дезинтегрира уметноста во општествените процеси.

Влезот во музејот е субјективиран со уметничкото дело „Протестен споменик“ на Ѓорѓе Јовановиќ, како метафорична асоцијација на идејата за изградба на пародиран меморијал, контрапост на идолатриското однесување во историските режимски периоди кон културното наследство. Преку портретирање на лицето на непознатиот борец, уметничкиот израз на Јовановиќ е интензивиран со аудиодатотеки во перпетуален редослед: „Рецитал“ на Антонио Грамши; „Херој на работничката класа“ од Џон Ленон; „Балада на скелетите“ од Ален Гинсберг и уште неколку. Овој уметнички гест застапува критичка позиција и го витализира прашањето за демонстрацијата на моќ преку споменичната уметност во јавните простори, како итерација што го следи капиталистичкиот поредок. Одговорот на Јовановиќ на овие состојби е повеќе од релевантен, авторот суштествува со проблематиката на автентичен начин, потсетувајќи нè дека постојат реални состојби со кои би можел уметникот да се занимава, поставувајќи го прашањето: што би се случило доколку спомениците не беа само манифестација на моќ, туку би станале интегрален дел од нашите постојани борби.

Со делото „Лесна акумулација на капиталот“, перформанс и инсталација, Христина Ивановска директно влегува во размена или експлоатација на уметничкиот труд со застапникот на капиталот – институцијата, склучувајќи „Договор за работа“, кој задолжува перформативно искусување на трудот во вредност од една минимална плата, каде што уметницата поминува низ процес на неколкудневно шиење и отсликување на ѕидовите на музејот, со обезбедени минимум услови за ефективност.

Дел од средствата што ќе ѝ бидат префрлени на уметницата, таа ќе ѝ врати на институцијата за да се овозможи циркулација на капиталот за повторно рефундирање во уметнички цели. Дали уметничкиот влог може да се сведе на овој тип економска размена, која е вредноста на уметничкото создавање и дали тоа може на овој начин да се евалуира и мотивира понатаму, се некои од клучните аспекти и ставови на Ивановска. Уметниците Тања Бругуера и Нада Прља се застапени со видеозаписи на веќе изведени перформанси, Бругуера со „Самосаботажа“ изведен во Париз (2009), додека Прља изложи неколку фрагменти од проектот на Венециското биенале минатата година. Делото на Адријан Паци е веќе познато од претходниот негов престој во Скопје, во Националната галерија, каде што детално ги елаборираше неговите креативни постапки, „Постакпитал. Архива 1989-2001: Препрочитување на денешницата“, истражувачки проект проширен низ мултимедијална инсталација.

w-33

Неговиот увид на капиталистичките траги врз општеството е прикажан низ ликовен дадистички асемблаж на фотографии од различни географски места каде што се случуваат омеѓувањата и преку дигиталниот архив, кој содржи на 2.500 фајла достапни на интернет, во период нешто повеќе од една декада, поточно од падот на Берлинскиот ѕид до 2001 г. Хито Штејерл, со видеопроектот „Во слободен пад“ (2010), документира патување на авионот „боинг 707“, од неговата експлоатација во израелските воени операции и во филмската индустрија, до неговата крајна дестинација. Преку имагинарна и симболична слика на овој феномен тој го отвора прашањето за субјективноста и објективноста во гледањето на нештата, парадигма на глобалниот капитализам што го нивелира скоро секој избран субјект. „Безбедно засолниште. Сè уште не ни се случило на нас“ е насловот на инсталацијата изведена во музејот според истоименото двоканално видео (2017) на колективот „Что Делат“, во облик на имагинарна приказна во која ликовите се имагинарни бегалци во имагинарно идно време.

Ако одговорот на прашањето „дали воопшто имаме нешто заедничко“ – е хомогеност, хетерогеност, синхроничност или дијахроничност, тогаш, со оглед на изложеното очигледно станува збор за комплексен одговор. Доколку ригидно се тврди дека културата е до таа мера деградирана и дека општата несигурност произведува конзерватизам во културата посебно, тогаш, веројатно, станува збор за континуирана неправда што ѝ се нанесува на уметноста, што и не е некоја новост, но е тврдење што не би требало да се генерализира и вонконтекстуално да се разгледува. Веројатно, посакуваната рамнотежа би се постигнала доколку институцијата веќе успеала да обезбеди хонорари за домашните уметници во еднаква вредност колку и за уметниците што доaѓаат однадвор и тогаш државното финансирање проект обележан со овој наратив би било апсолутно целисходно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s